| четврток, 6 декември 2018 |

Со притисоци врз граѓаните до целта: Владата не отстапува од доселувањето и градење станови за мигранти

Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои граѓаните бараа референдум за да се изјаснат дали се ЗА или Против населување на мигранти во нивната општина.

Но и покрај гласните негодувања и повиците на граѓаните дека мигрантите се последното нешто што и треба на државата, Владата не се откажува од својот план, па за неговото спроведување очигледно ќе оди наспроти сите апели и иницијативи на граѓаните. Во остварувањето на нивната цел, СДСМ поднесе кривична пријава на Видан Лазаревски, иницијаторот за рефендумот против мигранти, јавува штипската локална телевизија Стар. Лазаревски во текот на минатиот месец ја водеше кампањата „Будење за Штип“ преку која собираше потписи од граѓани за иницирање на референдумот, но притоа според социјадемократите извршил повеќе кривични дела.

– Злоупотреба на лични податоци, измама, повреда на избирачко право, предизвикување на национална, расна и верска омраза, истакна Јане Миланов од СДСМ Штип. Ова според СДСМ е резултатот од активностите што се спроведуваа во организација на Лазаревски и кампањата „Будење во Штип“.

 На овој начин СДСМ повторно покажува како владее сакајќи да создаде полициска држава. Со ваквите притисоци, партијата се обидува да ја угуши демократијата и да им го скрати правото на граѓаните слободно да го изразат своето мислење и да одлучат сами за својата иднина.
Освен на овој начин, со директни притисоци и закани кон оние што сакаат да го остварат своето демократско право, Владата се обидува и преку ДИК да ги минира референдумите откако иницијативата „Будење“, поради кратење на трошоците, предложи тие да се одржат на истиот ден како и првиот круг од локалните избори.
Поддршката за одржување на референдум од граѓаните е се поголема, иако советниците на СДСМ на седниците одржувани токму по ова прашање низ општините во земјава гласаат против можноста граѓаните да имаат право да се изјаснат дали се ЗА или Против населување и вработување на мигранти во нивната општина.

Граѓаните масовно му порачаа на Заев, наместо да собира мигранти, Владата нека се грижи за социјално ранливите категории.

Наместо да собира мигранти, Владата нека се грижи за социјално ранливите категории

 

Иако СДСМ се брани дека трдењата за населувањето на мигранти е нереално, граѓаните поучени од досегашните чекори на новата Влада, аргументирано не веруваат во она што Заев го кажува.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ неодамна предупреди дека Зоран Заев и СДСМ зборуваа за многу работи дека се нереални, па испаднаа реални.

-Зборуваа дека двојазичноста е нереална, еве ја пред врата ни е. Зборуваа дека таа двојазичност е само во мојата глава, а еве гледаме сега како на голема врата ја воведуваат двојазичноста и објаснуваат дека тоа е согласно Уставот иако не е согласно Уставот и свесно одат кон кршење на Уставот. Заев исто така зборуваше дека договорот со Бугарија е еден многу добар, одличен компромис. Гледаме дека таму нема никаков компромис, туку има еднострано попуштање при што Заев и СДСМ се откажаа и од јазикот и од историјата и од македонското малцинство во Република Бугарија. Зборуваа дека ќе имаме 500 евра просечна плата. Не само што немаме 500 евра просечна плата, туку просечната плата почна да се намалува. Зборуваа еден куп работи со кои се виде дека се што се случува, се случува обратно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top