Земјите ширум светот сега како да се тркаат која попрва ќе објави дека забранува дизел мотори.
Кина, најголемиот светски пазар на автомобили, работи на планот да го забрани производството и продажбата на возила кои за погон користат фосилни горива.
Индија, Франција, Британија и Норвешка исто така сакаат чисти возила.
Во Германија, канцеларката Ангела Меркел најави дека е само прашање на време кога земјата која создаде современ автомобил, како вели, ќе постави нови правила.
Еве уште неколку:
Британија: Во јули оваа година, властите на Британија соопштија дека ќе ја забранат продажбата на нови бензински и дизел мотори почнувајќи од 2040 година, во рамки на настојувањата да се намали загаденоста на воздухот. Инаку, скоро 2,7 милиони нови автомобили се регистрирани во Кралството во 2016 година, што ја прави шест најголем пазар.
Франција: Владата вели дека сака да ја запре продажбата на возила со погон на гас и дизел до 2040 година, бидејќи се бори против глобалното затоплување.
После тој датум, на произведувачите на автомобили ќе им биде дозволено само да продаваат автомобили кои работат на електричен погон. Хибридните автомобили исто така ќе бидат дозволени.
Учеството на автомобили на електрични, хибридни и алтернативни горива во Франција се малку-околу 4%-но брзо растат. Продажбата на тие возила пораснала за 25 % во првиот квартал на 2017 година.
Индија: Владата на таа земја соопшти дека секое возило од 2030 година продадено во земјата требало да се напојува на струја.
Норвешка: Планот на Владата укажува на јасна цел. Соие нови патнички авиони и комби продадени во 2025 година би требало да бидат возила со нулта емисија на гасови.
Инаку, во таа земја околу 40% од сите возила продадени во земјата минатата година биле електрични или хибридни возила.
Австрија, Данска, Ирска, Јапонија, Холандија, Португалија, Кореја и Шпанија поставиле цели за продажба на електрични автомобили. И во САД почнаа да објавуваат такви планови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.