Почина најстариот човек на светот, 116-годишниот Јапонец, Џироемон Кимура.
На 19 април тој го прослави својот 116-ти роденден и со тоа се запиша во Гинисовата книга на рекорди како највозрасниот човек на светот.
Кимура е роден на 19 април 1897 година и во декември минатата година е прогласен за најстариот човек на планетава откако почина претходната носителка на оваа титула, која беше американска државјанка.
Јапонецот има седум деца, 14 внуци, 25 правнуци и 13 праправнуци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.