| четврток, 6 декември 2018 |

Протестантите не сакаат да го видат Ердоган

erdogan

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска требаше да оствари средба со организаторите на протестите против реконструкцијата на плоштадот Таксим и уништувањето на паркот Гези во Истанбул.

Во знак на протест поради полициското насилство за време на протестите, организаторите на собирите Хајко Багдат и Хилал Атаџ ја одбија средбата.

Хајко Багдат е познат новинар и член на еколошкото движење „Солидарност за Таксим“.

– Ниту едно од нашите барања кои ги поставивме уште пред 10 дена не е исполнето од страна на Владата. Поради тоа нема никаква смисла од планираната средба со премиерот и одбивам да учествувам – изјави Багдат.

Шефот на турското претставништво на меѓународната еколошка организација „Гринпис“, Хилал Атаџ, исто така, го откажа своето учество на средбата.

– Во оваа состојба на насилство, не сметам дека би можело да има разумен и конструктивен дијалог. Затоа ја одбив поканата за учество. Во мирна и демократска ситуација, секако сме подготвени на секаков разговор – истакна Атаџ во писмено соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top