Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд. Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во источните делови врнежите ќе бидат пообилни.
Температурата ќе се движи од 18 до 27 степени.
Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен локален дожд и со умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
В четврток и в петок се очекува намалување на облачноста. Можно е локално да има и слаби врнежи, наместа и со ретки грмежи, особено на планинските подрачја. Глобално во наредните денови се очекува стабилизирање и затоплување на времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.