Владиката Пимен преку профилот на „Фејсбук“ на Европската епархија одговори и на денешните напади од граѓанската иницијатива „Веритас“.
За потсетување, тие реагираа на неговата изјава дека со јајцата што се потрошиле вчера пред Општина Центар, можеле да нахранат сиромашни и гладни деца.
– Со пет фрлени јајца по оние што сакаат да рушат цркви не може да се нахранат сиромашните, но со едно „порше карера“ во какво е сликан отец Пимен може да се нахранат стотици фамилии – рекоа од „Веритас“.
А, еве како вечерва на ова возврати владиката Пимен.
– Очекувани напади. Слава му на Бога. „И ако од некого сум зел нешто неправедно, четворно ќе го вратам – рекол Захеј митникот кога Христос влегол во неговиот дом. И јас стојам зад овие зборови и дај Боже „поршето“ да е мое, па да го продадам и да го дадам приходот на оние кои имаат потреба од тоа. Ама ќе сметам да остане и за сендвичи за сите оние кои фрлија јајце на општина по принципот „јајце за сендвич“ – напиша владиката Пимен на „Фејсбук“.
Во изјавата за „Дневник“, владиката Пимен ги отфрли шпекулациите дека возилото е негово наведувајќи дека немаат врска со вистината.
– Тоа возило воопшто не е моја сопственост, а јас и не знам да возам. Мојата епархија е финансиски толку слаба што одвај успевам редовно да земам плата, а камоли да си дозволам таков луксуз. Дали ако утре се сликам со некој авион, ќе значи дека сум го купил. Ова е мала провокација за да се направи толку преголема вест. Ако нешто не ме интересира, тоа се возилата. Тоа е обична шега – рекол владиката за весникот, откривајќи дека фотографијата е направена минатата година во Мајнц, Германија, и дека возилото е на еден негов пријател – изјавил владиката Пимен за весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пазарењето со идентитетот на МПЦ ќе донесе раскол: Пимен е за МПЦ, а за Тимотеј името ОА е прифатливо
-
Нов скандал во МПЦ (?): Владиката Пимен на вечера со Радмила Шекеринска (фото)
-
Произведуваа автомобили, а сега почнаа и нешто друго: „Порше“ започна со производство на мед
-
Опожарено „поршето“ на скопски газда во Градски парк