| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка на патот Штип-Велес: 6 лица повредени од кои 3 се деца

На магистралниот пат Штип-Велес, атар на село Три Чешми, вчера во 18.05 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Шаран“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од М.Р. (37) од село Долно Црнилиште, светиниколско и патничко возило „Форд Фокус“ со штипски регистарски ознаки, управувано од И.Ш. (43) од Штип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Форд Фокус“, И.Ш., сопатниците Н.Ѓ. и Н.Н., додека, со телесни повреди се здобиле три деца (две на 10-годишна возраст и едно девет години), сопатници во возилото „Форд Фокус“.

И.Ш. и Н.Н., по укажаната лекарска помош, биле задржани на лекување во Медицински центар Штип, а Н.Ѓ., по укажаната лекарска помош во Медицински центар Штип, поради сериозноста на повредите бил пренесен на лекување во Клинички центар Скопје.

Трите деца, по укажаната помош, биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Во периодот од 18.10 часот до 00.30 часот сообракајот бил  пренасочуван по регионалниот пат Штип-село Кадрифаково.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top