| четврток, 6 декември 2018 |

Со парите со кои неспособната влада на СДС ја задолжи Македонија можеше да се изгради околу 2.500 градинки

Царовска освен за згрижување на бегалците не води сметка за децата, пензионерите и социјално ранливите категории на граѓани. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека владата предводена од СДСМ за 100 дена ништо не сторила за граѓаните, освен што креирала хаос и ја довела државата до работ на економски колапс.

-Нема пари ниту за планираното покачување на пензиите, ниту за покачување на просечната плата на 30.000 денари, ниту пак за плата на докторите од 100.000 денари. Пари има само за расипничко трошење на лешници и морски специјалитети и милиони евра кои завршуваат на сметки на фирмите чии сопственици се првите луѓе во владата. Народот не виде ни „Р“ од долго најавуваните реформи на Заев и расипниците околу него, велат оттаму.

Додека граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите, СДС за овие 100 дена спроведе само партизирање и брутална партиска хајка против секој што не размислува како нив.

-Со парите со кои неспособната влада на СДС ја задолжи Македонија можеше да се изгради околу 2.500 градинки. Но за овие 100 дена СДС не изгради ниту една. Толку од грижата на СДС за најмалите. Министерката Мила Царовска освен за згрижувањето на бегалците за друго не води сметка. Министерката не се грижи за децата од предучилишна возраст, за пензионерите, за социјално ранливите категории на граѓани порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните го гледаат тоа и на 15-ти октомври ќе го казнат СДС за неодговорното и непрофесионално работење, додаваат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top