| четврток, 6 декември 2018 |

Според хороскопот овие знаци се најдобри татковци

Секој родител има свој уникатен и индивидуален сет на вештини, но на крајот на денот сите се прашуваме: дали ја правиме вистинската работа?

Каков родител ќе бидете, без разлика колку се трудите, понекогаш не зависи целосно од вас.

Можеби хороскопските знаци имаат некакво влијание. Ако истите небесни тела ја водат нашата личност, зошто тие не би имале влијание на нас како родители?

Овде се наредени според реден број:

10. Овен
Ова е многу сериозен знак. Кога тие ќе се посветат на нешто, одат до крај. Овните можат да бидат семејни луѓе и да ги охрабруваат децата да ги следат соништата и да ја ценат уметноста, но како татковци имаат и некои проблеми. Трпението дефинитивно не е нивната силна страна, па таткото овен треба да работи на оваа динамика, особено кај помалите деца.

1. Бик
Трпението е најважната доблест на таткото бик, што е многу потребно кога се децата во прашање. Познати по тоа што се многу рамнодушни, биковите се извонредни родители поради нивната способност да останат втемелени. Иако понекогаш можат да бидат тврдоглави, тоа е истата особина што како татковци ги поттикнува да бидат цврсти и страстни за своето семејство. Овој знак е некој на кој можете да се потпрете и ќе направи сѐ за своите деца.

8. Близнаци
Близнакот, како татко може да биде со две лица. Еден момент тој е мирен и сочувствителен, играјќи на подот, а веќе следниот миг трча во гаражата за да започне проект што ќе му одземе часови. Искористете ги двете енергии со тоа што ќе бидете еден чекор пред таткото близнаци и секогаш давајте му да заврши некоја задача.

2. Рак
Раковите како татковци се особено грижливи. Владеени од емоции, тие ќе плачат кога нивното дете плаче, бидејќи тоа ги погодува многу длабоко. Таткото рак можеби не е најдобар за применување на методот “исплачи се – ќе ти биде подобро”, затоа што плачот на детето би го повредило премногу, но ова е татко кој ќе го направи и невозможното за да се грижи за своите деца.

6. Лав
Тврдоглавоста на овој знак, му дава толку лош рејтинг. Додека тие се нетрпеливи, она што му помага на таткото лав е неговата подготвеност за игра. Децата можат да играат со часови без да застанат, а таткото лав ќе биде таму со нив. И иако тврдоглавоста ги прави нефлексибилни, исто така им помага да ги дисциплинираат своите деца.

12. Девица
Одлучен, со свој став и силна волја, овој знак не ги прифаќа желбите на децата. Како татко ќе биде многу приврзан и ќе ги сака децата, сакајќи го само најдоброто за нив, но исто така ќе го бара најдоброто од нив за возврат. Ова може да доведе до некои критични моменти и солзи. Таткото девицата треба да запомни дека децата треба да се движат со сопствена брзина и темпо и дека ќе научат да бидат уредни како што стареат.

4. Вага
Вагите се одлични татковци, особено на повеќе деца, заради нивната желба да ги држат работите фер и праведно. Токму оваа нивна особина прави работите во домот да се движат напред. Внимателно – истата желба да се избалансираат работите исто така може да доведе до неодлучност.

9. Скорпија
Со еден збор, мажите шкорпии можат да бидат напнати. Овој татко може да биде сериозен, премногу строг и не сака да игра. Неговата доблест како родител е љубопитноста. Таткото шкорпија ќе сака да научи сè што треба да знае за своите деца, иако понекогаш тие се таинствени и сакаат да се повлечат во нивниот тивок безбеден простор.

11. Стрелец
Стрелците се познати по тоа што сакаат забава и авантура, но исто така исклучително флертуваат и не сакаат да бидат врзани. Ако за вас е во ред постојано да ги пакувате вашите деца во последен момент и да тргнете на авантура, стреларите можат да бидат одлични татковци. Меѓутоа овој знак може да почне да станува немирен и вознемирен.

5. Јарец
Како татко, тие се првите кои ги планираат и запишуваат децата на различни активности и уживаат во улогата да ги научат сѐ што знаат. Тие ја ценат искреноста и одговорноста и ќе ги научат своите деца да го почитуваат ова. Меѓутоа, додека таткото јарец е искрен и мил, исто така има тенденција да се фали и да ги разгали своите деца.

7. Водолија
Овој знак е познат по маршот на ритамот на сопствениот тапан, што може да биде проблематично за рутината на децата. Иако овој знак ќе ги охрабри децата да истражуваат креативни места и да се вклучат во уметноста, тој не ја разбира потребата од распоред и ред.

3. Риби
Уметнички, емоционални, сочувствителни и великодушни се само неколку од неверојатните особини на татковците риби. Единственото нешто што ги симнува неколку места подолу е тоа што не можат да останат фокусирани на едно нешто подолго време. Децата не се грижат за промените во расположението на родителите, па затоа најдобро е таткото да “биде вклучен” во секое време.

 

извор: kukuriku.com.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top