Според УЈП, во Годишниот извештај компаниите ги пријавуваат бруто-приходите на обврзниците, платениот персонален данок на доход и придонесите, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права- закупнини, добивките од игри на среќа и други наградни игри и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка. Образецот ПДД-ГИ може да се преземе преку интернет страницата на УЈП.
Компаниите на граѓаните на кои им исплаќале задолжително треба да им издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2012 година.
– Издавањето на збирна пресметка е законска обврска на фирмата како исплатувач на приходот, врз основа на која граѓанинот, како обврзник на персонален данок на доход, ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава, стои во соопштението на УЈП.
Доколку до 15 февруари, фирмите не поднесат Годишен извештај или на граѓанинот не му издадат пресметка, казните се меѓу 2.000 и 3.000 евра во денарска противредност, а за одговорното лице следи глоба од 750 евра во денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство


