| четврток, 6 декември 2018 |

Каранбол: Соња удри по Цеца, Лукас по Соња

Поранешната сопруга на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ, ја обвини Цеца дека таа е виновна пто Лукас дознал за неа и Марко Јариќ, а Аца, пак, за да ѝ ја затне устата, ги собрал сите пријатели на домашна забава, меѓу кои секако Цеца, Ацо Пејовиќ, Вики Миљковиќ и Жика Јакшиќ. Така ѝ пропаднале сите обиди на Соња да ги скара Аца и Цеца или пак да ја оцрни во своја корист.

„Мојот омилен гад“ е фотографија објавена на профилот на Аца Лукас, на која тој и Цеца се силно прегрнати.

Соња ја нарече Цеца алапача и ѝ се закани дека ќе ѝ направи скандал ако продолжи по градот да зборува за неа.

-Ако продолжи да плука по неговите пријатели, особено по Цеца, Лукас навистина ќе одржи прес-конференција и ќе ги изнесе сите валкани работи за Соња. Соња едвај чекаше да биде во друштво на Цеца, беше нејзина обожавателка, а сега ја озборува и сака да го раздели Лукас од сите пријатели и да го искара со сите. Лукас не ја дава Цеца и нема да дозовли Соња да ја оцрнува по по медиумите, вели извор близок на Лукас.

На забавата што ја органзирал Лукас присуствувале десетина блиски пријатели, кои му даваат поддршка по разводот, кој го поднесе тешко, и пред борбата за старателство на Викторија.

-Тие ми и се браќа. Со мене се во добро и зло, вели Вуксановиќ, кој пред Пејовиќ и Цеца нема тајни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top