| четврток, 6 декември 2018 |

Ивана од болница: Нека му е лесна земја, фала богу, жива сум

Хоророт кој вчера се случи во Белград никој не го очекувал, особено не актерката Ивана, чиј што вереник ја рани, па се самоуби.

-Ми пукаше во глава, оперирана сум и ќе бидам добро. Не можам да разговарам, хоспитализирана сум, но не ми се загрозени виталните функции, рекла актерката Ивана Панзаловиќ, неколку часа по несреќата.

Таа е се уште во шок.

– Се случи голема и неочекувана трагедија. Имам поддршка и љубов од семејството, докторите, пријателите, и не стигнувам секому да се јавам. Ви благодарам на грижата, кратко изјавила вознемирената актерка.  Истакнала дека ништо не укажувало дека ќе дојде до вакво нешто.

– Нека му е лесна земја на Срѓан, а му благодарам на Господ што јас сум жива, рекла таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top