| четврток, 6 декември 2018 |

Грција остана без национална телевизија

Нема веќе по 300 евра за частење кафе

Грчката Национална телевизија ЕРТ ќе биде затворена за да се намалат трошоците на државата која што повторно неконтролирано тоне во долгови, пренесува дописничката на Канал 5 од Атина.

Откако Рускиот претседател Путин наредил да запре процесот на купување на грчкиот гасовод од руската државна компанија ГАЗПРОМ Атина бара начини како да ги намали трошоците.

Едно од решенијата е да се затвори државната телевизија ЕРТ каде до пред неколку месеци директорите добиваа по 300 евра месечно за купување кафе за гостите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top