| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во битка со Швајцарија за организација на турскиот фудбалски Супер куп

Македонија и Швајцарија се двете земји кои на турските фудбалски власти им понудиле да бидат организатори на Супер купот на Турција во кој ќе играат двата великани Галатасарај и Фенербахче.

Турската фудбалска федерација денеска објави дека тие ги примиле понудите од Скопје и од Берн за натпреварот во кој на 11 август треба да се соочат шампионот на Спор Тото Супер лигата Галатасарај и победникот на Зират купот на Турција, Фенербахче.

Одлуката треба да биде донесена до крајот на неделава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top