| четврток, 6 декември 2018 |

Почина 68-годишниот скопјанец кој беше избоден од синот

Таткото кој вчера беше избоден од својот син во населбата Црниче им подлегна на повредите. Настанот се случил на улицата „Чедоми Каратџиев“, а полицијата добила пројава од сосетка околу 22.15 часот, која ги информирала дека соседите се степале и барале помош.

Кога пристигнала полицијата го пронашла 68-годишниот скопјанец на прагот од дневната соба со убодни рани од нож и констатирала смрт. Сведок на настанот била сопругата. Според нејзиното сведоштво седела со сопругот во дневната, кога дошол синот, ја скршил влезната врата и ја избркал неа, а потоа го нападнал својот татко.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека 41-годишниот син ја напуштил куќата веднаш по убиството. Подоцна се пријавиле во Ургентен центар барајќи лекарска помош затоа што имал расекотина на десната рака.

Синот е синоќа приведен и задржан во полициската станица во Кисела Вода. Најверојатно има дијагноза на психичко растројство.

Од МВР велат дека обвинител е запознаен со случајот и дека телото е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top