Во хрватските медиуми и натаму меѓу главните теми е македонскиот стратег, Гоце Седлоски и Динамо Загреб. Ако се водиме според информациите на „Вечерњи лист“, легендата на „модрите“ ќе биде новиот тренер на овој клуб. Според тамошните медиуми, Седлоски кој веќе неколку дена е во Загреб „тајно“ преговарал со првиот човек на Динамо, Здравко Мамиќ, и се на добар пат да постигнат договор, пи[ува Спорт медиа.мк.
Но, ако се прашува самиот Седлсоки засега нема ништо. Неговата посета на главниот хрватски град е сосема случајна.
-Во Загреб сум со мојата сопруга Даниела. Бевме во Австрија и на враќање кон Скопје одлучивме да дојдеме во Загреб. И самите знаете дека тука имам многу пријатели, изјави за тамошните медиуми Седлоски, кој дададе Со Динамо не преговарам, бидејќи има тренер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.