Министерот за внатрешни работи на Хаити, Макс Рудолф СентАлбин нареди евакуација на крајбрежните подрачја во северниот дел на земјата поради ураганот Ирма. Се очекува Хаити да не биде на директен удар на ураганот Ирма, но обилниот дожд и големите бранови би можеле да предизвикаат поплави.
Во исто време, кубанската Агенција за заштита на цивилите го подготвува населението за ураганот Ирма. Во провинцијата Сантјаго отворени се 125 центри за евакуација, во кои можат да се сместат 38.000 лица.
Во Ураганот Ирма на Кариби загинаа најмалку 10 лица, а илјадници луѓе останаа без своите домови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.