| четврток, 6 декември 2018 |

„Ах, љубов моја“- најдобар филм на Интернационалниот фестивал во Урошевац

„Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски и продукција на „Авард филм и видео“ доби награда за најдобар филм на петтото издание на Интернационалниот филмски фестивал во Урошевац, Косово, што се одржа од 2 до 6 септември.

– На овој фестивал, покрај филмот на Коле Ангеловски, награди добија уште два македонски филма. За најдобар краток филм беше прогласен „Ќе дојдат децата“ на Ана Јакимоска, а наградата за најдобар анимиран филм ја доби „Кружно патување на Марето“ на Жарко Ивановски,  информираат од  продукцијата „Авард филм и видео“.

По премиерата на Скопскиот филмски фестивал, филмската комедија „Ах, љубов моја“ беше прикажана и на „Балкан филм енд фуд Фестивал“, во Поградец, Албанија, како и на Фестивалот на медитерански и европски филм во Требиње, Босна и Херцеговина.

Во наредниот период филмот ќе биде прикажан и на Македонскиот филмски фестивал во Канада и на Македонскиот филмски фестивал во Австралија, соопштуваат од продукцијата „Авард филм и видео.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top