Изборната кампања на СДСМ во општина Кисела Вода ќе се темели на поддршка од бизнис-секторот, ослабнување на опозицијата, еуфорија, МВР и со покрупни букви – чалам.
Кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Кисела Вода Филип Темелковски вечерва објави неколку фотографии од средбата со поранешни и сегашни пратеници и кандидати за градоначалници на партијата, заборавајќи дека на таблата зад нив е испишан „планот за победа“.
Иако Темелковски сфати што сторил и ги избриша фотографиите од планот за освојување на градоначланичкото столче во општината, тоа го стори предоцна.
Според фотографиите што ги објави „Курир“, Темелковски и СДСМ во Кисела Вода ќе победеле со чалам и со поддршка на бизнис-секторот.
Она што е интересно, во битката за гласови СДСМ и нивните кандидати првично ќе се потпираат на закани со МВР кое го раководи Оливер Спасовски, како и притисоци врз земјоделците и социјално загрозените лица. Дел од медиумите веќе пишуваа дека СДСМ планира фалсификат на локалните избори со помош на партиската полиција и криминалци од соседството.
По низата антидржавни политики, единствен спас за подобар резултат на претстојните локални избори Заев и СДСМ гледале во злоупотребување на МВР, кое интензивно се партизира од страна Спасовски, како и мафијашкото подземје од Македонија и Косово, кое според одредени медиуми треба да го активира Мухамед Зекири. Целта е полнење на кутии, заплашување на гласачи и операција која Заев ја држел во тајност, а за која самиот велел дека била подготвувана од надвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓорчев: Вчера ни се случија нерегуларни и насилнички избори, а за тоа има фото и видео докази
-
Регистрирани голем број на нерегуларности, повлечени набљудувачи
-
До 13 часот гласале 24 проценти од избирачите – ова е излезноста во сите општини
-
Забележани нови нерегуларности: Притисок врз гласачи во Новаци, делење поткуп во Могила