| четврток, 6 декември 2018 |

Нови осум жртви на ураганот „Ирма“ на островот Сент Мартин

Според најновите информации, најмалку осум лица го загубиле животот, а 23 се повредени на островот Сент Мартин при ударот на ураганот „Ирма“, јави дописникот на МИА од Париз.

Изјавата ја даде францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колом, кој стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем бидејќи околу седум илјади лица одбиле да бидат евакуирани.

– По минувањето на ураганот, 95 отсто од островите Сент Мартин и Сент Бартелеми се уништени, истакна Даниел Гибс, претседател на островската територија.

Француските власти испратија итна помош кон нивните територии, но ситуацијата може да стане посложена со оглед дека од невремето силно е оштетен и аеродормот, но засега е расчисетна една од пистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top