| четврток, 6 декември 2018 |

Вонсудска наплата на комуналните долгови, а каматата да не го надминува главниот долг

Пратеничката Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ преку Фејсбук ги информираше граѓаните за драстичните измени кои се предлагаат со измените и дополнувањата на Законот за извршување кој што таа со група пратеници од Коалицијата „За подобра Македонија“ ги поднесоа.

„Во Собранието на Република Македонија поднесов предлог за Измените и дополнувањата на Законот за извршување по скратена постапка. Измените се однесуваат за околу 300 илјади граѓани.

Ова се драстичните измени што ги носи предложениот Закон за извршување:

  • Се предвидува постапките за наплата на комуналните долгови за струја, вода и телефон максималниот износ за законската казнена камата да биде во износ до висината на главниот долг и тоа да важи ретроактивно, односно повратно за сите постапки што се во тек и во иднина.
  • Со овие законски измени ќе се намалат превисоките трошоци за извршување на должниците за исплата на паричните побарувања по основ на комунални сметки, односно со овие законски измени ќе се максиминизираат трошоците за извршување да бидат до висината на главниот долг.
  • Измените исто така предвидуваат вонсудската наплата да биде задолжителна и да ѝ предходи на присилната наплата на долговите од комуналната сфера, односно со овие измени наместо досегашните законски норми коишто предвидуваат присилна наплата на овие долгови, дса се воведе вонсудско намирување на долговите, а со тоа ќе се избегнат превисоките трошоци за адвокати, нотари и извршители“, напиша Стаменковска.

Измените и дополнувањата на Законот за извршители сега се поднесени по скратена постапка поради неопходните измени, а предходно истиот закон беше поднесен од страна на пратеникот Панчо Минов од партијата ГРОМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top