За барање за извршување за долг до 10.000 денари, наградата за адвокатот не смее да изнесува повеќе од 1.000 денари. Досега граѓаните за адвокатската награда во извршната постапка и за минимален долг од 1.000 денари издвојуваа и по 5.000 денари. Иако новиот закон за извршувањето стапи во сила од почетокот на годинава, дури завчера дефинитивно се објави пречистениот текст на намалената тарифа за адвокатите, која стапува во сила веднаш, со што се комплетираат законските измени, кои треба да ги заштити граѓаните од неправдите при извршувањето, пишува „Дневник“.
Според објавата во „Службен весник“, за различни видови поднесоци, меѓу другото и за предлог за извршување, за суми до 10.000 денари наградата е 1.000 денари, за тие со вредност од 10.001 до 50.000 денари – 3.000 денари, а од 50.001 до 100.000 денари наградата е 4.000 денари. Ова следува по реакциите дека и со новиот закон, извршувањето ќе остане скапо за граѓаните, бидејќи иако се намалија нотарската и извршителската тарифа, адвокатската, која досега беше и најскапа ставка, остана непроменета.
Целата анализа погледнете ја на „Дневник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Антонио Апостолски, адвокат на Мијалков: Недозволиво е странката да не е известена дека за неа се бара мерка притвор
-
Мајка му умрела од рак, адвокат од Србија го тужи НАТО поради употреба на бомби со осиромашен ураниум
-
Ќе го скрши и најтврдото срце: Последното збогум за Мишо од Сања и Лара!
-
Тато, се ти простив: Тажна порака на синот на убиениот српски адвокат!