Поранешниот министер за транспорт и врски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров, Владо Мисајловски, им се обрати на своите ѓорчептровци преку Фејсбук и ја побара нивната поддршка за победа во „нашето заедничко Ѓорче Петров“.
„Овде сме заедно од деца… Ги делевме училишните клупи, школскиот двор, улиците и навиките во маалата а сега тоа го прават и нашите деца.
Кога ја добив довербата да бидам министер за транспорт, никогаш не заборавив кој сум, што сум и од каде доаѓам. Апсолвираното знаење и акумулираното искуство за сите овие години, особено последните две, ме научија што значи да се работи вредно и посветено, за доброто на својата земја, за среќата на својот народ. Сега повторно ја добивам довербата… Овој пат мотивот е уште посилен, одговорноста останува голема… Во прашање се одново мојот народ, мојата земја, но во прашање е и моето и Ваше, нашето заедничко Ѓорче“, започнува обраќањето на Мисајловски.
Тој им вети на своите сограѓани од Ѓорче Петров дека максимално ќе се заложи да го направи Ѓорче уште подобро место за живеење.
„Нови проекти, објекти, инфраструктура… за добробитот на секое маало, секоја уличка, сокак, секоја куќа, благосостојба на секое семејство,просперитет на секоја единка… за сите мои другари, пријатели, роднини, соседи, познати и непознати, на сите мои драги сограѓани, нивните семејства, деца, внуци… од моето, од нашето заедничко Ѓорче. Сме биле и ќе бидеме како едно семејство, една куќа, една улица, едно маало, една населба, една општина…
Едно и единствено Ѓорче Петров од кое заедно со Вас и самиот сум дел.
Да сте ми живи и здрави, Ве чекам сите вас да се приклучите во заедничката ПОБЕДА, со отворено срце и отворена врата, во секое време и за секого… во нашето заедничко Ѓорче Петров.“, пишува искрено Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда
-
Мисајловски: СДСМ набрзо ќе бидат сменети од власт како најслаба и најнеспособна влада во историјата на Македонија
-
Поделено ВМРО значи поделена Македонија