Генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски објави уште девет имиња на кандидати за градоначалници.
На овие локални избори најголемата опозициска партија одлучи за противкандидат на Александар Наумовски во Ѓорче Петров да го кандидра поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Александар Наумовски е актуелен директор на Затворот во Шутка. Ќе се бори за столчето кое веше еднаш го изгуби на минатите локални избори.
Изборот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, има богата и успешна кариера зад себе. Тој првпат се кандидира за градоначалник. Мисајловски и неговото семејство потекнуваат и живеат во населбата Ѓорче Петров. Ѓорчепетровци одлично го познаваат и го почитуваат како умерен, работлив и исполнителен човек.
Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи, отсек дипломатија и меѓународна политика.
Кариерата ја започнал во приватна фирма за трговија на стоки, по што влегува во кабинетот на Претседателот на Собранието како помлад соработник за меѓународна политика. Потоа станува советик за меѓународна политика во Кабинетот на Претседателот на Собранието. Следно работно искуство има како советник во општината Ѓорче Петров, па како претседател на Комисијата за прашања, избори и именувања во истата општина, па советник за меѓународна политика во општина Центар, каде што имал и функција раководител на Сектор за подршка на активности на градоначалникот. Потоа влегува во Министерството за надворешни работи како државен секретар, па станува државен секретар во Министерството за транспорт и врски, па директор на Јавното претпријатие за државни патишта, од каде што преминува на чело на Транспорт и врски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда
-
Мисајловски: СДСМ набрзо ќе бидат сменети од власт како најслаба и најнеспособна влада во историјата на Македонија
-
Поделено ВМРО значи поделена Македонија