| четврток, 6 декември 2018 |

Добила 20 дена затвор бидејќи одбила да го вакцинира детето

Србинка е казнета со 20 дена робија бидејќи одбила да го вакцинира детето, пишуваат медиумите во таа земја.

Маја Милодановиќ од Суботица, е казнета бидејќи одбила да го вакцинира тригодишниот син. Паричната казна и е преиначена во 20 дена затвор, пишува „Вечерње новости“.

Пред затворската казна да и биде изречена, Милодановиќ, според одлуката на судот требала да плати 20 илјади динари бидејќи не го вакцинирала детето. Според неа, полицијта доаѓала трипати да ја апси, но се договорила со судот казната да ја плати на неколку рати.

– Да имав кому да го оставам детето, ќе одев во затвор, верувајте. Но, кога полицијата ми кажа дека детето ќе ми го однесат во дом, многу се уплашив. Ги молев да не го прават тоа и да ми дозволат да ја платам казната. Пред тоа не добив никаква опомена, само покана за суд, а потоа и известување дека таа се преименува во затвор. Засега ништо не се случува, а прашање на време е кога следниот пат ќе одиме на преглед, дали повторно ќе ме тужат – изјави Маја, инаку студентка, без редовни примања.
Таа решила нејзиното дете да не ја прими ММР вакцијата бидејќи немало ефект при првата вакцина.

– Мојото син ја прими првата доза и оттогаш му опадна имунитетот, постојано е болен и оттогаш решив да ја одбијам вакцината. Зад својата одлука стојам црвсто и немам намера да предомислам. Вакцинирањето треба да биде избор на родителот, а не да не казнуваат на овој начин – смета мајката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top