| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Македонија преживува цунами, години ќе поминат додека да закрепне економијата од неспособноста на СДС

Македонија преживеа цунами во изминативе сто дена. Економијата е клучна работа која се однесува на сите граѓани без разлика на пол, вера, нација и партија. Груевски стравува дека оваа неспособност и непосветеност што ја покажа СДС на ова поле може да доведе до сериозни ризици и далекусежни последици.

Ако вака продолжат, ќе има страшен удар врз макроекономијата, и тие предизвици нема да можат да бидат надминати во неколку мандати потоа од кога ќе се вратиме на власт, а тоа ќе биде брзо, уверен е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој потсети дека ниту еден данок не е намален, а веќе има најави за зголемување на даноците. Тоа ќе придонесе за осиромашување на населението, послаби перформанси на компаниите и укочување и уназадување на економијата.

Ниту една странска инвестиција не е реализирана, а веќе има најави по медиумите дека неколку странски инвестиции се пред повлекување. Иако им оставивме 60 инвеститори кои се на чекор пред одлука за отворање на фабрика, овие инвеститори воопшто не се ни исконтактирани, а камо ли со нив нешто суштински да се продолжи. Тоа е срамно и недостоинствено и е на штета на граѓаните. Така не се отвораат работни места. Не го исполнија ветувањето за поддршка на домашните компании во вредност од 140 милиони евра. Наместо тоа бизинс-секторот е исплашен од најавите за зголемување на даноците, рече Груевски.

Коцептот за зголемување на минималната плата, рече Груевски, што го има СДС е непродуктивен и неодржлив и за година-две тоа секому ќе му биде јасно.

– Тие се обидуваат да корупмираат гласачи со нивниот потег, но без да кажат дека за 9 месеци од сега целиот тој концепт ќе се сруши како кула од карти и ќе доведе до отпуштања на работници и намалување, да, намалување на минималната плата. Просечната плата не само што не се зголеми на 500 евра, како што најавуваше Заев во кампањата, туку за прв пат по подолг период таа се намали.

Груевски стравува дека на економијата не ѝ се пишува добро. Она што е сериозно опасно е значителното намалување на девизните резерви. Досега девизните резерви се намалени над 170 милиони евра, што може да придонесе да се загрози денарот и да се нарушти кредитниот рејтинг и имиџот на државата.

Имаме и пад на индустриското прозивдоство, додаде Груевски, што покажува дека компаниите се успоруваат и тешко работат.

Имаме уназадување на градежништвото кое беше мотор на развој и двигател на растот на БДП и кое обезбедуваше голем број на работни места. Скратени се парите за капитални инвестиции, со ребалансот се укинати се парите за изградба на повеќе училишта, градинки, студенстски домови… Владата нема започнато ниту еден инфраструктурен проект. Ветуваа изградба на 500 нови километри автопат, а ги блокираа постојните кои се во градба. На сите делници се работеше интензивно, а сега практично и не може да се забележи работник на терен. Тоа е недозволиво однесување и претставува многу погрешен пристап. Зачуден сум од оваа индолентност. Не само што не започнаа ниту еден проект, оваа неспособна влада ги прекинува и уништува веќе започнатите проекти од наша страна и тоа без ниту еден аргумент, водени од злоба, омраза и гнев, …. а гневот е лош сојузник. Автопатот Демир Капија – Смоквица го завршивме, а остана да се премести само еден далновод кој се решава во една недела, и да се заврши сигнализацијата за неповеќе од еден месец. Но, Владата со прст не мрдна за ова прашање, и наместо автопатот да е пуштен во употреба, а граѓаните безбедно и брзо да патуваат по најмодерно автопатско решение, само заради омразата на Заев кон ВМРО се принудени 30 километри да патуваат бавно и по една лента плашејќи се за својата безбедност. Изградбите на автопатите Скопје – Штип и Кичево- Охрид на кои работеа по над 1000 работници дневно се речиси прекинати. Без сериозна причина и повод, се откажаа од изградба на автопати со несоодветно и неаргументирано образложение за некаков проблем, кој ве уверувам дека се решава во од и многу брзо, но само доколку се работи, а овие наши конкуренти не работат и тоа е видливо за секого.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top