| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Наместо да ги вработи младите, Владата на СДС ќе вработува мигранти

Наместо да создаде услови за отворање на нови работни места за младите, Владата на СДСМ работи на стратегија за изнаоѓање решенија за вработување на мигранти. Наместо да ги брани интересите на Република Македонија и нејзините граѓани, Владата на СДСМ се залета да носи стратегија за згрижување на стотици илјади мигранти.

Наместо како држава со скромни финасиски средства и ресурси, и висока невработеност, како и многу нерешени проблеми, да мислат, пред се на интересите на нашите граѓани, тие работеа на тоа како да им угодат на мигрантите. Наместо да изградеа барем едно училиште и да мислеа за подобрување на условите во кои учат нашите ученици, или да помогнеа да некој инвеститор започне нова фабрика која ќе ги вработи луќето од Македонја, тие работеа на изготвување план за интегрирање на мигрантите во образовниот процес, и делење државјанства на нови невработени луѓе кои ќе се борат за истите работни места како и оние небвработени од Македонија кои чекаат владата да им помогне да се вработат, потенцира Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top