| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски државјанин си го отепал шефот во Италија

karabineri

Македонскиот државјанин Доналд Шабанов е уапсен за убиство на својот шеф во Италија.

Дваесет и четиригодишниот Шабанов бил приведен заедно со еден италијански државјанин со мароканско потекло од карабињерите од Пезаро. Двајцата се главни осомничени за тешки кривични дела – убиство со умисла, тешка разбојничка кражба и незаконско поседување оружје.

Според информациите на италијанската полиција, жртвата, Италијанецот Андре Афери, му била работодавец на македонскиот државјанин. Бил убиен на 4 јуни годинава.

За настанот била известена и македонската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top