| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Стоте дена на Владата на СДС се најцрните денови за македонското здравство

СДС ветуваа реформи и подобрување на услугите во здравството, а им се случи најцрната недела во која што десетина дечиња ги загубија животите по разни болници. Одговорност, карактеристично за СДС, немаше, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната прес-конференција, на која потсети каков хаос направи Владата на Заев во овие 100 дена влада.

Направија реваншистичка смена на директорите во јавното здравство, при која докажани професионалци и врвни доктори беа заменети со лица со помал квалитет, и при што назначуваа за директори лица кои меѓу другото имаа и правосилни пресуди за земање на мито од пациенти во минатото. Не обезбедија ниту еден, значи ниту еден нов медициснки апарат или опрема, а во наше време без набавеи над 1700 апарати на најсовремена медицинска опрема и апарати. Не е намалена цената на ниту еден лек, а во наше време беше намалена цената на над 700 лекови. Грубо, грубо ги излажаа докторите со ветувањето дека наводно ќе ја покачеле докторската плата на 100.000 денари, а не ја покачија ниту за 1 денар, рече Груевски.

Имаме, додаде тој, загрижувачка нетранспарентност при појава на заразни болести и криење на информации, како и непосветеност во санирање на појавената болест што за жал резултираше со загуба на два човечки животи од Гостивар. 

Загрижува и индоленстноста на владата во справување со појавата на смртност кај новороденчињата. 

Укинат е ургентниот интернистички центра при кампусот мајка Тереза. Запрена е изградбата на зградата на новиот клинички центар во кампусот Мајка Тереза, нова не е започната, и гарантирам дека во овој мандат на СДСМ нема да започне градба на клинички центар, ќе слушаме само ветувања. Гарантирам, бидејќи знам.

Груевски потсети дека е запрена и едукацијата на лекарите во странство.

Запрени се проектите за едукацијата која врвните странски стручњаци и лекари ја правеа во Македонија. Најново е тоа што сакаат да го укинат системот за едукација на специјалистите, и наместо соодветна изградба на нов медицински кадар се обидуваат да воведат концепт кој ќе значи фабрикување на доктори кои ќе ја немаат соодветната едукација и искуство за лекување на пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top