Мирјана Најчевска, која неодамна беше наградена за учеството во Шарената револуција со функција во Советот за реформа на правосудниот сектор, е незадоволна од кадровските решенија на СДСМ. Со текстови со еуфорични наслови, „Шилегов за Скопје, растура во анкетите“, медиумите блиски на СДСМ се обидуваат да му го кренат рејтингот на пратеникот и поранешен портпарол на СДСМ, Петере Шилегов.
Најчевска забележува дека наместо со сероизен пристап кон локалните избори, со промовирање сериозни и незивалкани кандидати, СДСМ се обидува да им го крене рејтингот и да им го обели образот на личности заглибани во криминал.
Шилегов под услови на “режим” купил два нови стана вредни 160.000 евра
Иако конечните одлуки за кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори треба да бидат донесени до сабота, но и покрај краткиот временски рок, сепак и натаму постојат неизвесности за тоа кои имиња ќе бидат предложени за учество во градоначалничката трка. Од партијата СДСМ досега потврдија најмногу имиња, околу дваесетина, додека, пак, опозициската ВМРО-ДПМНЕ досега соопшти само пет официјални кандидати. Во трката за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов од СДСМ најверојатно ќе му се спротистави на актуелниот градоначалник Коце Трајановски, бидејќи Шилегов имал највисок рејтинг во партијата.
Ордановски му призна победа на Трајановски: СДСМ повторно ќе го загуби Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Ѓорчев: Вчера ни се случија нерегуларни и насилнички избори, а за тоа има фото и видео докази
-
Регистрирани голем број на нерегуларности, повлечени набљудувачи