20-годишно момче истепало полицаец во полициската станица во Чаир.
Според информациите на МВР, вчера околу 13.45 часот во просториите на одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција во полициската станица во Чаир, полициски службеник бил физички нападнат од лицето Б.Д. (20) од Скопје, кое претходно било приведено.
Во еден момент приведениот го нападнал полицаецот, му ја искинал униформата, замавнал со стол кон него, но не го удрил.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.