| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Лопез порача – Го сакам!

%d0%bb%d0%be%d0%bf%d0%b5%d0%b7

Џенифер Лопез (47) ја „запалила“ публиката на својот настап во Лас Вегас, додека од неа ја бодрел раперот Дрејк (30). После тоа, латино дивата објавила заедничка фотографија на својот профил на Инстаграм.

%d0%bb%d0%be%d0%bf%d0%b5%d0%b72

-Погледнете кој дојде вечерва – напишала под заедничката фотографија и додала неколку хаштагови, а најинтересен бил оној „го сакам“. Нејзините следбеници на оваа социјална мрежа веднаш заклучиле дека имаме нов селебрити пар, а Џенифер и Дрејк се` уште се немаат огласено по повод оваа шпекулација.

%d0%bb%d0%be%d0%bf%d0%b5%d0%b73

Минатиот месец, пејачката на доделувањето на Латино Греми наградите во Лас Вегас го бакнала својот поранешен сопруг Марк Ентони (48) со кој ги има близнаците Ема и Максимилијан (8). Пејачот е во брак со Шенон де Лима (28) која наводно после бакнежот на поранешните сопружници побарала развод.

-Не можеше повеќе да поднесе дека нејзиниот сопруг е постојано со Џенифер Лопез. Снимаат нов албум, заедно настапуваат, имаат две деца, а сега и се бакнаа пред сите – тврдат пријатели на манекенката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top