| четврток, 6 декември 2018 |

Шок на црвениот килим: Прошета во предизвикувачки црвен фустан и ја покажа долната облека пред сите! (галерија)

По ревијата на прекрасни фустани и појавувањето на филмски легенди на црвениот килим како Роберт Редфорд и Џејн Фонда, кои како мали провокации кои најавуваа бура…сепак бурата се случи вечерва на промоцијата на филмот  “Una famiglia”. Руската манекенка Александра се појави во предизвикувачки фустан и приреди шок на црвениот килим.

Фустанот е деизајниран така што може да се види долната облека, па нема никакви случајности на овие фотографии.

Кога ќе облечете нешто вакво знаете што следува. Атрактивната Русинка беше подготвена за позирање, беше подготвена и на сите да им ја покаже долната облека (колку е тоа лесно или тешко да се направи, таа си знае.)

Имаше вечерва во Венеција такви кои со големо интересирање го проследија нејзиниот настап, но и оние кои беа рамнодушни, очигледно навикнати на голотија во јавноста.

Манекенката беше скандалозна, но сепак не ги премина сите граници. Имаше на себе долна облека! Сетете се само на минатогодишните настапи на италијанските манекенки Џулија Салеми и Дајан Мело кои под фустаните носеа микроленти наместо гакички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top