Златко Марин, кандидатот за градоначалник за општина Аеродром од редовите на СДСМ, оди по фирмите и собира рекет, со ветување дека кога ќе дојде на власт истите ќе ги добиваат тендерите од општината, објавува ФБ страната „Аеродром во моето срце“.
– Марин земал рекет во висина од 10.000 евра од фирмата ВИМ-Д, со ветување дека кога тој ќе биде градоначалник истата ќе ги добива сите тендери од општината за набавка на ужина во основните училишта. За ова имаме и докази кои дополнително ќе ги објавиме. Ваквиот бандитизам мора да запре. Бизнисот не смее да биде предмет на уцени и рекет, со ветување на противправни услуги само за финансирање на предизборна кампања. Продолжуваме со објавување на рекет активностите на СДСМ и Марин во Аеродром, пишуваат од „Аеродром во моето срце“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Дебрца поништила јавна набавка за да склучи нов договор за два и пол пати поголема цена
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Поради пропусти стопирана е изградбата на зградата кај Мајчин дом на 15 дена
-
Златко Марин во предреферендумскиот период издал одобрение за градење комплекс