На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување вчеравечер починал уште еден од повредените патници од автобуската несреќа, што се случи кај велешката патарина на 20-ти минатиот месец.
Д-р Илир Хасани, директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТАРИЛУЦ), информираше дека 78 годишен пациент вчера околу 18.40 часот подлегнал на повредите.
-Пациентот беше во тешка здравствена состојба, со скршеници на градниот кош, крварење во градниот кош и со сериозни повреди на главата, односно скршеница на вратниот рбет. И покрај обидите да се санираат повредите, тој вчеравечер почина, вели д-р Хасани.
Несреќата се случи на 20. август на автопатот Скопје-Велес кога автобус со македонски туристи кои се враќаа од Грција излета од патот. Повредени беа 28 патници, а уште истиот ден почина една од повредените патнички.
извор: Сакам да кажам.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.