| четврток, 6 декември 2018 |

Река солзи и прегратки: Анџелина и Бред се сретнаа по една година

Беа бескрајно искрени еден кон друг и одлучија да се обидат да бидат повторно заедно, тврди Ијан Халперин, биограф на холивудската довјка. Целосно неочекувано, но од разводт на Бранџелина нема да има ништо, напротив, ако им се верува на трачевите, по првата средба Џоли и Пит се смириле и решиле да се обидат повторно.

Нивниот биограф раскажува дека на средбата имало многу многу солзи, искрени емоции, прегратки….

-Ништо не остана неизговорено. Беа бескрајно искрени еден кон друг и одлучија да се обидат повторно да бидат заедно.

Бред и Анџелина внимателно влегле во процесот на помирување и одржале серија состаноци во присуство на терапевт, и заклучиле дека сѐ уште се вљубени еден во друг, Неофицијално, се обврзале да направат отстапки кои ќе го осигураат успехот на нивната нова врска. Анџелина се согласила нејзиниот брат Џејмс Хејвен да не живее повеќе со нив, бидејќи Бред не го поднесува. исто така, прифатила да ги намали контактите со Арминика Хелиќ и Клои Далтон, моќни жени кои имаа огромни влијание врз неа изминатите години.

Од друга страна, Бред ќе продолжи со терапиите и со лекувањето од алкохолозам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top