| четврток, 6 декември 2018 |

Почина мотоциклист: Тешка сообраќајка кај Кисела Вода

Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што вчера вечерта се случи на булеварот „Борис Трајковски“ кај посториите на Општина Кисела Вода, потврдуваат од МВР за медиумите.

Несреќата се случила во 19.45 часот меѓу автомобил „пежо“ со скопски регистерски ознаки, управуван од 33-годишниот скопјанец Е.А. и мотоцикл со охридски таблички кој го управувал 48-годишниот Славко М. од Скопје.

По сообраќајката со возило на Итна медицинска помош, мотоциклистот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде што им подлегнал на тешките повреди.

Телото на починатиот е предадено на обдукција. За време на полицискиот увид, сообраќајот од Центар кон Драчево беше пренасочуван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top