| четврток, 6 декември 2018 |

Младо момче со мотор излетало од патот кај Битола, се здобило со тешки повреди

Во 13 часот и 40 минути во селото Егри-Битола, се случила сообраќајна незгода во која 22-годишниот С.С. од селото управувајќи мопед ,,Томос“ со битолски регистарки ознаки, изгубил контрола над истиот, при што излетал надвор од патот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и тоа фрактура на 6 и 7 десно ребро, и по укажана лекарска помош во Клиничката болница – Битола е пуштен на домашно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Битола.

(Фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top