| четврток, 6 декември 2018 |

Себалјос итно префрлен во болница по дуелот со Италија (Фото)

Дани Себалјос од шпанската младинска репрезентација се пожалил на сериозни болки и омалаксаност за време на пријателскиот натпревар против Италија.

Новиот член на Реал Мадрид имал неколку дуели со противнички фудбалери, но не се пожалил на повреда кога го напуштал теренот во второто полувреме. Подоцна Себалјос почнал да чувствува болки во вратот, по што експресно е префрлен во болница поради потребните тестови кои треба да бидат направени.

Натпреварот се играше во Толедо, а Шпанците славеа со 3:0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top