| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид го доведе најдобриот играч од Европското првенство во Полска

Реал Мадрид продолжува со подмладувањето на екипата, а ова лето, по потписите со Хесус Ваљехо и Тео Хернандез, тимот го доведе и Дани Себалјос од Бетис.

„Кралскиот“ клуб денеска го официјализираше трансферот на 20-годишниот младински репрезентативец, кој ќе биде претставен на 20 јули во 13.00 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

Уште еднаш, шпанскиот првак ја надмудри Барселона и плати трипати повеќе од откупната клаузула на фудбалерот, која изнесуваше шест милиони евра. Веднаш по претставувањето, Себалјос ќе замине во САД, каде ќе им се приклучи на своите нови соиграчи и тренерот Зинедин Зидан.

Младиот фудбалер за врска неодамна ја освои наградата за најкорисен фудбалер на Европското првенство во Полска за фудбалери до 21 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top