| четврток, 6 декември 2018 |

Клучот на скопските кафулиња и ресторани во рацете на Стефан Богоев?

Во Скопје се погласно се коментира дека локалите и кафулињата се затвораат по директива на пратеникот од СДСМ Стефан Богоев, а неговата пријателка директорката на УЈП Сања Лукаревска е само спроведувач, пишува Инфомакс.

Уште еден во низата на познати локали во Скопје е затворен и е најнова жртва на Управата за јавни приходи. Броз кафе од денес па во наредните 15-тина дена нема да работи.

„Денес е тажен ден за нас. Броз кафе е затворено од УЈП и владата која ни го ветуваше спротивното и нема да работи во наредните 15 дена. Се гледаме на кафе на 15 септември. Благодарност до сите што не подржаа досега. Ќе паметиме подобри денови. Оние кои најдолго ќе паметат – најдолго ќе живеат“, напишаа на својот фејсбук профил од кафулето Броз.

Кафе „Броз“: УЈП и Владата ни го ветуваа спротивното, денеска е тажен ден за сите нас

Освен овој познат локал во изминативе неколку денови се затворени Дежаву, Тренд и слаткарницата Палма во скопски Аеродром. Најтрагично е што овие локали вработуваат неколку десетици луѓе кои токму таму ја вадат својата егзитенција за нив и нивите семејства.

Колеж во Аеродром: Шеќерчињата ќе го затворат и „Дежаву“?

Во јавноста се збори дека ова е одмазничка акција на УЈП преку новоназначената директорка Сања Лукаревска. Имено новата директорка Лукаревска е многу блиска пријателка на претседателот на младинската организација на СДММ, Стефан Богоев.

Ова ли е животот? Новата власт врши тортура и над „Капитол мол“ (Фото)

Иако за ова место во УЈП беа заинересирани огромен број на функционери на СДСМ, сепак силната поддршка на Богоев и Павле Богоевски ја исфрлија Лукаревска како директор на оваа институција. Тогаш ова во внатрешните кругови на СДСМ беше протолкувано како голема победа на Богоев се со цел зацврстување и засилување на неговата внатрепартиска политчка моќ. Назначувањето на директорката Лукаревска не помина незабележително. Богоев назначувањето на Лукаревска го сподели на социјалните мрежи каде што ги го честита изборот. “Мојата другарка Сања Лукаревска стана директорка на УЈП!“- напиша Богоев, а таа на тоа му се обрати на Богоев со неговиот прекар како што го нарекуваат најблиските другари и пријатели :
“Благодарам другар Богац“.

Уште еден угостителски објект во Аеродром затворен заради шеќерчиња со лого на општината?

Угостителите со право се прашуваат дали сега Богац врши притисок и се одмаздува кон локалите во Скопје преку својата блиска пријателка.

„Тренд“ затворен поради логото на Аеродром на шеќерчињата?

Иако владата на СДСМ во предизборната кампања најавуваше дека нема да казнуваат, туку прво ќе опоменуваат тоа во пракса не се спроведува. Симптоматично е дека иако се на власт веќе 3 месеци овие работи се прават токму во предизборниот период што предизвикува голем сомнеж дека се работи за дисциплинирање на непослушните и на сите оние кои не се поддржувачи на актуелната политичка гарнитура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top