Денес е тажен ден за нас. Броз кафе е затворено од УЈП и владата која ни го ветуваше спротивното и нема да работи во наредните 15 дена. Се гледаме на кафе на 15-ти септември. Благодарност до сите што не подржаа досега. Ќе паметиме подобри денови. Оние кои најдолго ќе паметат – најдолго ќе живеат.
Од УЈП информираа дека поради нерегистрирање на готовинскиот промет и неиздавање на фискални сметки бил времено затворен кафичот „Броз“. И покрај забраната, објектот продолжил со работа, по што денеска бил затворен со асистенција на полицијата.
-Поради утврдени неправилности во деловниот објект, односно нерегистрирање на готовинскиот промет и неиздавање на фискални сметки, донесено е времено решение со кое на даночниот обврзник му се забранува вршење на дејност во деловната просторија и изречена е глоба за сторен прекршок согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, соопштија од УЈП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство