Српското Министерство за економија објави јавен оглас за продажба на фармацевтската компанија „Галеника“. Почетната цена за сите заинтересирани страни изнесува 25 милиони евра на име долг кон банки и плус едно евро како почетна цена за јавно наддавање, соопшти РТС.
Услов за учество во приватизацијата е инвеститорот да биде дел од фармацевтската индустрија со годишна заработувачка од над 300 милиони евра.
„Галеника“ е втора фармацевтска компанија по пазарен удел во Србија, а од денеска почнува со регистрација на вработените кои сакаат да ја напуштат со компензација од 400 евра за секоја година работен стаж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.