| четврток, 6 декември 2018 |

Осум лица приведени поради криминал во „Галеника“

galenika

Српската полиција изутринава приведила осум лица, меѓу кои и екс претседателот на управниот одбор на “Галеника” Дејан Бацковиќ.

Според информациите сите се сомничат дека учествувале во криминал и малверзации кои ја оштетиле големата компанија за над 75 милиони евра.

Во едногодишната истрага на полицијата и обвинителството се открило дека се случиле злоупотреби на службената положба при потпишување на договор со компанијата Велефарм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top