| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ помалку првачиња во училишните клупи

Се намалува бројот на првачиња во Македонија. Оваа учебна година во училишните клупи ќе седнат 20.437 првачиња, што е најмала бројка досега во последните пет години.

Во Скопје од вкупно 10 општини досега се пријавени 6.159 првачиња.

Во средните училишта запишани се вкупно 17.131 ученик. Во двата уписни рока во скопските средни училишта запишани се 6.496 ученици, а во другите општини бројот на запишани изнесува 10.635.

Поголем интерес имало за стручното образование каде се запишани 9.983 ученици, а за гимназиско образование се одлучиле 6.703.

Во скопските гимназии се запишани  2.768, а во стручните училишта 3.407 ученици.

Во гимназиското образование во другите општини запишани се 3.935 ученици, а во стручните училишта во другите општини 6.576 ученици.

Во уметничко образование се запишани вкупно 224 ученици од кои во Скопје 148, додека во спортска гимназија 221 ученик, од кои во Скопје 173.

Од Министерството за образование и наука наведуваат дека конечниот број на основци и средношколци ќе го имаат кон средината на септември по комплетирањето на податоците во координација со општините.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top