Жителите на населбите Илинден Лисиче и Скопска Црна Гора денеска се пожалија дека почувствувале силен потрес од кој прозорите и вратите силно им се затресле поради што првично помислиле дека станува збор за земјотрес па се исплашиле. Но откако ја провериле веб апликацијата за земјотреси се увериле дека немало земјотрес, па на социјалните мрежи прашуваа да не станува збор за детонација.
Тресење осетиле покрај жителите на Илинден, Лисиче, во Скопска Црна Гора и во Пинтија и населбата Гоце Делчев.
Од Министерството за внатрешни работи велат до нив не е стигната пријава за некаква детонација. Од министерството појаснуваат дека во периодот од 9 и 30мин до 12 и 30мин Единиците за брзо распоредување при МВР имаат вежба на Стенковец па можно е и од таму да доѓаат звуците.
извор: скопјеинфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.