| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Груевски-Коѕијас: ВМРО-ДПМНЕ се залага за развивање на добрососедска политика базирана на принципиелна основа и меѓусебно почитување (видео)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас.

На средбата се разговарало за односите меѓу двете држави, за актуелната политичка состојба, како и за состојбата со мигрантите и повеќе заеднички предизвици од регионален контекст, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека партијата се залага за развивање на добрососедска политика базирана на принципиелна основа и меѓусебно почитување.

Груевски посочил дека мерките за соработка и градење на доверба меѓу двете држави кои ги воведе и започна владата на ВМРО-ДПМНЕ придонесоа за релаксирање на заедничките односи и дека истите треба да бидат продолжени од актуелната влада.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ исто така било истакнато дека стратешки интерес преставува членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО алијансата за што во изминатиот период биле направени бројни реформски процеси и достигнувања во повеќе сфери.

Соговорниците размениле искуства и мислења за проблемот со мигрантите кој што останува регионален предизвик чиј што интензитет во иднина може да предизвика последици за земјите во регионот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top