Припадници на единицата за борба против илегалната трговија со дрога во Истанбул запленија 280 килограми сканк, чија вредност на црниот пазар се проценува на три милиони долари. Операцијата е спроведена откако била добиена дојава дека во Истанбул ќе биде доставена голема количина на наркотици.
Дрогата е пронајдена на јахта, која пловела крај грчки острови во Егејското Море. Припадници на единицата за борба против илегалната трговија со дрога ја пребараа јахтата, откако таа се вкотвила на плажата Фатих Балат близу Истанбул, при што се 280 килограми сканк.
Сканкот е вид на марихуана, која се состои од 75 проценти канабис сатива и 25 отсто канабис индика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.