Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас денеска пристигнува во еднодневна официјална посета на Македонија. Тој во Скопје ќе има средби со неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претставници на парламентарните партии.
Посетата на Коѕијас е возвратна, по таа на Димитров на Атина во јуни годинава. Во фокусот на разговорите, според најавите, ќе биде имплементацијата и проширувањето на мерките за градење доверба и најновите случувања во регионот. По средбата во МНР Димитров и Коѕијас ќе одржат заедничка прес-конференција.
Состанокот, како што информира МНР, претставува продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог на заемно договорените теми, како што се проекти за меѓусебно поврзување во областите на транспортот и енергијата, потоа полициска соработка, европски програми, култура, образование, цивилна заштита, јавна администрација, здравствена заштита, соработка меѓу дипломатските академии и иницијативи за деловна соработка. Од МНР истакнуваат дека е одлучено следниот состанок да се одржи во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни
-
Нова демократија бара владата да ја објави оставката на Коѕијас
-
Со офајдил ли некој и во Македонија од грчките тајни фондови?
-
Коѕијас со остри пораки од Луксембург: Скопје мора да го ратификува договорот за промена на името, инаку решение нема!