Црковните и државни знамиња во сите верски храмови на МПЦ во Македонија и во дијаспората се на половина копје. Синодот на Македонската православна црква почна итна седница, на која се утврдува каде ќе биде погребан владиката Кирил.
На погребот се очекува да присуствуваат целиот државно-владин врв, како и великодостојниците од другите верски заедници. Никола Поповски му е крстеното име на покојниот владика Кирил. Тој, велат нашите соговорници од МПЦ, најверојатно ќе биде погребан во црковен двор во неговата епархија, Полошко-кумановската.
Митрополитот Кирил беше единствениот жив владика што присуствувал на најважниот собир на македонските aрхиереи, кој се одржа во далечната 1958 година кога е прогласен статус на автономна МПЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.